Не е некултурен, само внимателен: Нетанјаху повеќе не се ракува со поддржувачите

Фото: EPA-EFE/GALI TIBBON / POOL

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, престана да се ракува за време на неговата изборна кампања, што се смета за сигнал дека расте загриженоста меѓу израелските официјални лица од избивање на епидемија на коронавирусот.

За време на денешната посета на светилиште во Хеброн, изрелскиот премиер е снимен како одбива да се ракува со луѓето кои ги сретнал во градот на Западниот брег, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Снимката ја објави телевизијата Кан, шест дена пред националните избори.

На снимката може да се забележи како некој во светилиштето му пружа рака, а тој не возвраќа. Се слуша гласот и на еден од неговите советници кој вели: „Нема ракување“.

Малку засрамениот Нетанјаху се поклонува и вели „намасте“, што е вообичаен поздрав за хиндуистите.

Се слуша гласот и на сопругата Сара, која рече дека одлуката за воздржување од ракувањето е инструкција од владата.

Меѓутоа, извори блиски на кампањата на Нетанјаху рекоа за весникот „Тајмс“ дека тој сам ја донел таа „одговорна одлука“, бидејќи секојдневно се среќава со илјадници активисти пред изборите закажани за во понеделник.

Освен Нетанјаху, многу други израелски официјални лица презмеаа мерки за заштита од вирусот кој брзо се шири, па така некои од нив не присуствуваа на состаноци, а други одлучија да ги откажат и ограничат патувањата во и од Кина, Јужна Кореја, Јапонија, Хонгконг, Макао, Сингапур и Тајланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот