Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Лазарополе / Фото: МИА

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност. Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот