Венецуела планира годинава да се приклучи кон БРИКС

БРИКС / Фото: Kirill Makarov / Panthermedia / Profimedia

Венецуела веќе годинава планира да се приклучи кон групата земји БРИКС и веќе се смета за дел од оваа организација, изјави денеска шефот на дипломатијата, Иван Хил Пинто.

-Венецуела се чувствува како дел од БРИКС и работи на тоа наскоро да стане полноправна членка, рече Пинто на прес-конференцијата во Каракас, која венецуелската Влада ја организираше заедно со руската Амбасада, пренесуваат руските медиуми.

Министерот додаде дека БРИКС „е немилитаристички и неагресивен и не ја наметнува својата волја на другите“.

Пинто го окарактеризира БРИКС како „праведна, взаемно комплементарна“ група и корисен сојуз, што и треба на Венецуела.

БРИКС е основан во 2006 година и оттогаш двапати е проширен, а моментално има 10 членки. Во 2011 година, Јужна Африка им се придружи на земјите основачи Бразил, Русија, Индија и Кина. Шест земји – Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати – добија покана да се приклучат на БРИКС минатата година, но Буенос Аирес подоцна објави дека нема да стане дел од групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот