Џонсон не е загрижен од коронавирусот: Јас се ракувам

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Британскиот премиер Борис Џонсон денес изјави дека коронавирусот нема да го спречи да се ракува со луѓето.

Тој неодамна дури и рече дека, за време на посета на една болница во која престојуваат неколку лица заразени со коронавирус, се ракувал со сите.

„Јас се ракувам“, рече Џонсон на претставувањето на планот на Велика Британија за борбата со ширењето на вирусот, на прашњето како планира да се однесува со официјалните лица со кои се среќава во време на епидемија на коронавирусот.

Тој додаде дека луѓето се слободни сами да одлучат како ќе се однесуваат, како и дека проценка на владата оти е клучно да се мијат рацете.

Претходно, израелските медиуми пишуваа дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на предизборната кампања прекина да се ракува со поддржувачите поради страв од коронавирусот.

Не е некултурен, само внимателен: Нетанјаху повеќе не се ракува со поддржувачите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот