Ракометарите на Вардар 1961 дојдоа до нов куп трофеј

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

„Црвено-црните“ предводени од тренерот Стевче Алушовски денеска во големото финале во салата Автокоманда ја совлада екипата на Е. Пелистер со конечен резултат 26:24.

Се играше петтата минута од дуелот, Вардар 1961 преку Дисингер имаше позитива од 3:1, а веќе во деветтата минута ги имаше и највисоките „плус четири“, 5:1 со голот на Јотиќ.

Продолжи одличната игра на двократниот европски шампион, голманот на битолската екипа Хендави немаше сили да ги спречи неговите удари кон голот, па така во 18 минута, Вардарци дојдоа и до „плус шест“, 10:4. До крајот на првиот дел составот на Жељко Бабиќ стопи дел од негативата со подобра игра во поле, но тоа не го спречи Вардар кој повторно се одвои со разликата и преку контрите на Дибиров и Јагуриновски, на пауза замина со водство од 16:10.

Е. Пелистер се обидуваше со сите сили да биде резултатски рамноправен, имаше само „минус три“ пред почетокот на последната третина од мечот. На семафорот во Автокоманда стоеше 18:15 за „црвено-црните“ во 41 минута од оваа средба.

Јотиќ со неговиот трет гол во ова финале на 12 минути до крајот на натпреварот ја удвои предноста и стрелаше за 22:18 во корист на Вардар 1961. Чаневски го одржуваше противникот во игра, тој денеска имаше двоцифрена бројка на одбрани. Двата тима имаа доста технички грешки во нападите, во последните моменти од овој последен дуел во најмасовното клупско ракометно напреварување. Во 58 минута по контра битолчани дојдоа на само гол негатива, а тренерот на Вардар веднаш реагираше и побара минута одмор. На минута до крајот погоди мајсторски Дибиров за два позитива најавувајќи победа за пехар. На крајот, погоди и Чупиќ за конечни на овој дуел 26:24 за Вардар.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот