Ракометар на „Бутел“ крвнички претепан во Скопје, се бори за живот

Фото: МИА

Ракометар на РК „Бутел“ се бори за живот на скопските клиники и се наоѓа во тешка состојба откако рано утрината бил донесен во болница со тешки повреди, објави порталот „24ракомет“.

Дел од медиумите неофицијално објавија дека се работи за 27-годишниот хрватски интернационалец Денис Тот, кој сезонава го носи дресот на Бутел, а лани играше за Охрид.

Од РК Бутел потврдуваат дека еден од нивните играчи е во болница и дека состојбата е тешка, но немаат информации што точно се случило.

Болнички извори за 24ракомет потврдуваат дека Хрватот бил примен со бројни повреди и неколку скршеници, кои најверојатно се од тепачка или од удари со тврди предмети и дека се наоѓа во тешка здравствена состојба и се бори за живот.

Од МВР засега нема информација за случајот, кој не беше забележан во дневниот полициски билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот