Радовишанец издал лажна ковид-потврда, ја наплатил 5.500 денари

ПЦР тест / Фото: Архива

Радовишанецот К.Е. на негов сограѓанин му издал потврда за направен ПЦР-тест како лажен доказ дека е негативен на Ковид-19, притоа давајќи му во прилог и лажна фактура со фискална сметка за извршена наплата од 5.500 денари, соопшти полицијата.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против 54-годишниот осомничен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправа“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

„Во текот на 2021 година во Радовиш, К.Е. на лице од Радовиш издал ПЦР тест дека е негативен на Ковид-19, притоа давајќи му во прилог на тестот и фактура со фискална сметка за извршена наплата од 5.500 денари и за тоа дека тестот претставува оргинален документ издаден од овластена клиника. Подоцна, од клиниката било потврдено дека документацијата е лажна“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот