Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на Партијата на европските социјалисти

Фото: Фејсбук

Поранешната министерка за одбрана и потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, во Берлин е избрана за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).

„Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија”, напиша Шекеринска на Фејсбук.

„Убава вест за сите нас македонски социјалдемократи пристигна од Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во Берлин. На наше огромно задоволство нашата другарка Радмила Шекеринска е новата потпретседателка на ПЕС. Ова е прв пат на оваа функција да е личност што доаѓа од земја која сеуште не е членка на ЕУ“, напиша на Фејсбук вицепремиерот Бојан Маричиќ, честитајќи ѝ на Шекеринска за новата функција.

„Честитки Радмила за новата функција во ПЕС. Убеден сум дека со новото водство на претседателот Штефан Ловен прогресивните идеи на социјалистите и социјалдемократите ќе добијат дополнителен импулс за успешно продолжување и зајакнување на европската политичката сцена. Голем успех и признание за работата на #СДСМ и за Северна Македонија“, пишува Маричиќ.

Кон честитките преку Фејсбук се приклучи и премиерот Димитар Ковачевски:

-Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција – потпретседател, личност која доаѓа од земја која се уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор!, напиша премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот