Радмила Димовска, специјалист по ортодонција: Со правилна грижа можеме своите деца да ги заштитиме од кариесот

Кариесот претставува заболување кое се манифестира со локализирана деструкција на забното ткиво. Со правилна грижа можеме своите деца да ги заштитиме од кариесот.

За да го спречиме кариесот кај децата мораме:

ПРАВИЛНО ДА ГИ МИЕМЕ ЗАБИТЕ. Сосема е доволно забите да се мијат двапати дневно, наутро и навечер пред спиење, под услов тоа да е правилно. Четката за заби треба да биде изработена од пластични влакна. Многу е важно да не ја намокриме четката пред миењето заби. Пастата секогаш се нанесува на сува четка, бидејќи со нејзиното мокрење ја губиме цврстината на влакната, а тоа влијае на квалитетот на миењето на забите. Со четката исчеткуваме од непцата кон врвовите на забите. Горните заби ги миеме од горе кон долу, а долните обратно. При секое миење овие движења мораме најмалку шестпати да ги повториме или целото миење на забите да трае меѓу две до пет минути. Бидејќи површините помеѓу забите тешко се мијат, мораме да користиме забен конец. Бидејќи децата потешко се снаоѓаат сами, родителите се тие кои треба да им помагаат и да ги научат правилно да си ги мијат забите. Се смета дека секое дете е спремно самостојно да си ги мие забите без надзор од родител на околу 12-годишна возраст.

ДА ИМААТ ПРАВИЛНА ИСХРАНА. Треба да се намали внесот на шеќери во организмот, односно најважно е да се избегнуваат грицките, бидејќи на тој начин на бактериите кои се во устата им правиме постојан дотур на храна. Тие се размножуваат и можат да предизвикаат кариес. Повеќето од родителите на своите деца пред спиење им даваат млеко или сок од шишенце со цуцла. На тој начин придонесуваат да се зголеми ризикот од појава на кариес, кој се вика циркуларен кариес. Затоа, штом пред спиење ќе се измијат забите, веќе не смееме ништо да ставаме во уста.

Пишува: д-р Радмила Димовска, специјалист по ортодонција, Поликлиника КРУНА МС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот