Румен Радев, поранешен претседател на Бугарија/Фото: STR/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Радев очекува Уставниот суд да пресече за парламентарната криза

Бугарскиот претседател Румен Радев очекува Уставниот суд на Бугарија побрзо да се произнесе по неговата жалба за измени на основниот закон, поради тензиите во јавноста. Шефот на бугарската држава ја коментираше оваа тема пред студентите на Универзитетот за национална и светска економија.

„Сега сме во еден вид парадоксална ситуација – авторите на овие промени се жалат поради промените. Во политиката има две многу важни работи – одговорност и доверба. Кога тоа се прави на тој начин што одговорноста е заматена, нема одговорност – почнува да ги руши темелите на демократијата, институционалните темели на државата, а оттаму патот до хаосот е многу краток“, рече Радев.

Довербата во актуелниот политички модел навистина е при крај, коментира Радев.

„Очекувам политичките партии, особено бугарскиот парламент, да покажат разум, мудрост и да застанат на височините што луѓето ги очекуваат од нив. Очекувам бугарскиот парламентаризам да ја докаже својата виталност со важни одлуки“, рече тој.

Румен Радев истакна дека денеска е деветти обид да биде избран за претседател на Народното собрание.

„Дали некој некогаш помислил дека ќе стигнеме до тука? Но очигледно во политиката сè е можно“, истакна Радев.

Рекорден – деветти обид за избор на претседател

Денеска бугарските пратениците повторно се собраа да направат рекорд – деветти обид за избор на претседател на Народното собрание. Силви Кирилов ја продолжи првата седница на 51-то Народно собрание и продолжи кон новата рунда предлози.

При деветтиот обид за избор на претседател на Народното собрание пратениците имаат четворица кандидати за кои може да го дадат својот глас и да се надмине парламентарната криза која настана по изборите во октомври на кои најмногу гласови и места во парламентот освои ГЕРБ на Борисов, но кандидатката на неговата партија Раја Назарјан при досегашното гласање за избор на претседател ги добиваше само гласовите на својата партија.

Надежда Јорданова од ПП-ДБ го предложи Атанас Атанасов со аргументи дека има долгогодишно искуство во кривичното право.

Борислав Гуцанов од „БСП – Обединета левица“ повторно ја потврди кандидатурата на доц. Наталија Киселова и изрази надеж дека ќе добие поддршка.

„Благодарност до страните кои одговорија на состаноците. Пресекувањето на овој Гордиев јазол оди преку дијалог“, додаде тој.

Искра Михаилова од „Преродба“ ја потврди номинацијата на адвокатот Петар Петров.

Павела Митова од ИТН повторно ја истакна кандидатурата на актуелниот претседавач со собранието Силви Кирилов, кој е најстар пратеник во овој состав.

По речиси два часа расправа во салата, претседавачот Силви Кирилов најави 30-минутна пауза.

Борисов ја повлече својата кандидатка Раја Назарјан

Нема да ја номинираме Раја Назарјан, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов при влегувањето во пленарната сала.

„Имаме одлука, ја донесовме минатата недела по состанокот со БСП, двапати гласавме за Киселова и тоа е тоа.“

Со денови Борисов изјавуваше дека се откажал од сè – од Назарјан, од себеси за премиер и ги понудил сите опции. На прашањето зошто токму изборот на ГЕРБ би била Киселова, тој изјави дека „така одлучил“. Ова е единствениот можен начин да се одврзе овој јазол, додаде тој.

Според него, ГЕРБ ѝ должи поддршка на БСП од времето на Вежди Рашидов.

„Во моментов никој не зборува за влада, сите зборуваат за привремен премиер, секоја група нека го прочита својот состав за да започне рулетот.

Борисов изјави дека не му е грижа што ќе каже ПП по гласањето со „Преродба“ и Доган и праша уште ли ПП ќе му поставува услови секој ден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот