Раде Кончар обајви зголемување на нето-добивката од 76 проценти

Акционерското друштво РАДЕ КОНЧАР – АПАРАТНА ТЕХНИКА – Скопје, заедно со неревидираните, неконсолидираните финансиски извештаи за период од шест месеци, обајави и образложение кон резултатите за истиот период.

Во периодот од 01.01.2019 година до 30.06.2019 година нема промени во сметководствени политики во однос на последните годишни финансиски извештаи.

Акционерско друштво во периодот од 01.01.2019 година до 30.06.2019 година оствари нето-добивка од 9.047.052,00 денари, што забележа зголемување од 76% во однос на истиот период во 2018 година. Во извештајниот период од 01/01/2019 до 30/06/2019 година, реализиран е вкупен приход од 12.913.938,00 денaри.

Учеството на приходите во овој период е претставено со исплатен приход од дивиденда во 2018 година од компаниите во кои Акционерското друштво ги има своите инвестиции, а други приходи се приходи од извршени услуги и изнајмување на до работниот простор.

Позитивниот резултат покажува дека Друштвото и оваа година се стреми кон високи приходи и високи финансиски резултат.

Вкупни трошоци во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година, изнесува 3.866.886,00 денари, што резултира во расход редовна работа, трошоци за услуги, материјали и трошоци за енергија и
трошоците остануваат.

Менаџментот на Акционерското друштво се стреми кон намалување расходи и постигнување подобри финансиски резултати.

За време на извештајниот период, Акционерското друштво плати дивиденда на акционерите за 2018 година во бруто-износ од 95 денари по акција.

Исто така, во овој период Акционерското друштво им ги исплати своите депозити на акционерите во согласност со решението за намалување на основното мнозинство Бр.0201-141 од 21.11.2018 година издадена од Собранието на акционерите на 21/11/2018 година.

Во периодот на известување од 1 јануари 2019 година до 30 јуни 2019 година, нема вложување во материјални средства.

За време на извештајниот период, Компанијата не користеше заеми.

Се очекува профитот да се зголеми во наредниот период по основ на приход од финансиска дивиденда и капитални добивки на пазарот, средства во хартии од вредност, како и евентуално позитивен исход на судски постапки што Акционерското друштво ги води во својство на Тужител.

Амбицијата на компанијата е да го одржува капиталот и го зголеми финансискиот резултат. Потврда за одборот на директори за тоа колку долгорочната политика може да ја одржува ликвидноста на компанијата и редовно ги комплетира законските обврски на компанијата, вклучувајќи плаќање на потребниот даночен договор и ингеренциите. Специјалениот комитет на директорите ќе се обиде да постигне што е можно повисоки финансиски резултати и да вршат редовни исплати на дивиденда на акционерите според остварената добивка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот