Рада Трајковиќ: Договорот од Вашингтон, политички земјотрес за Вучиќ

На повидок е конфликт со Кина и Русија

Претседателката на Европското движење на Србите на Косово, и поранешната парламентарка во косовското Собрание, Рада Трајковиќ во интервју за српската телевизија Н1 оцени дека договорот потпишан во Вашингтон претставува голем политички земјотрес за претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според неа договорот за економска нормализација што го потпишаа Косово и Србија на 4 септември во Вашингтон за Србија се ризични значат судир со Кина и Русија.

„Одлуките што ги потпиша дека ќе ги спроведе го доведуваат Вучиќ во конфликт пред сè со Кина, но исто така и со Русија на некој начин, но многу повеќе со Кина. Тој ги прифати обврските на американската држава токму со цел да го продолжи својот политички живот. Што значи дека еден стол е веќе отстранет. Договорите за гас се исто така приоритет на Русија, а Вучиќ прифати и друг стол таму, за полека да девалвира друг стратешки партнер. Тоа е голем политички земјотрес за Вуичиќ.“, рече Трајковиќ.

Според неа, договорот од Вашингтон го стави Вучиќ на работ на прекинување на односите со „неговиот кинески брат Си Ѓинпинг“. Таа додаде и дека дури и Албанците во Косово се прилично збунети од овој договор за кој тврди и дека е нетранспарентен.

„Тие исто така влегоа во големи проблеми, гледаме дека Турција веќе реагира на овој договор. Вучиќ не прави сè за Србија. Тој работи за себе и за многу проблематична група на луѓе. Тој се обидува некако да продолжи, да го задржи монополот во власта, но јас длабоко верувам дека американската администрација нема да дозволи автократ да продолжи да владее на начинот на кој владее“, оцени Трајковиќ.

Договорот беше постигнат по разговорите во Белата куќа, за прв пат на високо ниво предводено од Соединетите држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот