Работнички од Свети Николе се водат како Ковид позитивни и се затворени дома и по 35 дена!

Вработена во прехрамбена индустрија во Свети Николе пак, тврди дека 35 дена е затворена дома со решение за изолација.

Работнички во текстилна индустрија во Свети Николе кои биле позитивни на првиот тест на коронавирусот и по 35 дена се затворени дома а полиција секој ден ги контролира бидејќи според решението од Државниот здравствен инспекторат не смеат да го напуштат домот.

Меѓутоа, после 14 дена во изолација, не им било закажано тестирање, па тие се чувствуваат ,,затворени” и ,,заглавени” зашто ниту можат да го напуштат домот, ниту некој доаѓа да ги тестира и да провери дали се негативизирале.

,,Слободен печат” стапи во контакт со жена од Свети Николе која првиот позитивен тест го добила на 9 јули.

-Имав еден позитивен тест за коронавирус, со многу благи симптоми. Само два дена го загубив чувството за мирис и вкус. Но, и 18 дена после тој прв тест, никој не дошол да ме тестира повторно, ниту пак смеам да излезам од дома. Децата ми ги чува свекрвата а сопругот ми е во болница. Го губам веќе трпението. Зошто сум затворена дома подолго од 14 дена и никој не доаѓа да ме тестира? Во Центарот за јавно здравје ме препраќаат во тој во Велес, а од Велес си ја префрлаат топката во Св. Николе. Нема кој да ми закаже тест. Има многу жени што сме затворени дома од истата дата сме тестирани. Како да излезам кога сум во регистар на заразени а неизлечени и затоа што не сум правела тестови кои треба двапати да излезат негативни и уште сум под надзор секој ден – прашува пациентката.

Таа е револтирана што животот и е ставен на пауза.

-Нели е срамота што сме затворени дома? Пет души се јавија седи дома, не смееш надвор а сега каде се? Нели 14 дена се седи во изолација, петнаесеттиот ден треба да правиш прв тест, а после два три дена втор контролен тест? Ние во кои пациенти спаѓаме, заборавени седиме дома веќе 18 ден и никој ниту се јавува ниту не повикува да правиме тест. Не сум си ги видела децата и многу ми е тешко – објаснува таа.

Вработена во прехрамбена индустрија во Свети Николе пак, тврди дека 35 дена е затворена дома со решение за изолација.

„Триесет и пет дена сум дома. Шести ден чекам за резултат од вториот тест. Првиот ми е негативен. Ако ви е за утеха на вас што сте дома само 18 дена“, пишува втора жена која се жали за истата проблематика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот