Работнички е фантастичен во вториот дел од сезоната, го однесе Вардар на плус 11

ФОТО: ФК Работнички

„Романтичарите“ како гости со минимални 0:1 го совладаа шампионот Шкендија во 23. коло од Првата фудбалска лига.

Екипата на Работнички игра фантастично во вториот дел од сезоната и во петте кола има четири победи и само едно реми притоа освојувајќи 16 од можните 18 поени.

Последен тим на кој „романтичарите“ го зедоа скалпот е шампионот Шкендија која е совладана со 0:1 во Тетово. Голот вреден три бода го постигна Давид Тошевски во 53. минута.
Шкендија со поразот падна на третото место на табелата со 35 бодови, додека пред неа се најде Силекс кој во финишот со голот на Ивановски во 85. минута се спаси од пораз на гостувањето кај Шкупи.

Киксот на Шкендија го искористи Вардар кој со 1:0 ја совлада Струга Трим Лум и сега има 11 бода предност пред Шкендија, а 10 пред Силекс. Победничкиот гол беше дело на Новак во 69 минута.

Резултати 23. коло:
Академија Пандев – Ренова 0:1
Македонија ЃП – Борец 0:2
Шкендија – Работнички 0:1
Шкупи – Силекс 1:1
Вардар – Струга ТЛ 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот