Путин: Западот си даде автогол со санкциите против Русија

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/SERGEY GUNEEV/KREMLIN POOL/

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји „си дале автогол“ со воведувањето санкции кон Русија.

Зборувајќи за состојбата на руската економија, Путин рече дека инфлацијата во земјата се стабилизира и дека побарувачката на мало се нормализира.

Услужниот сектор во Русија претрпе најголем пад на активноста од почетокот на пандемијата во 2020 година. Имено, потрошувачите и компаниите ги откажуваа нарачките во услови на сè построги западни санкции по инвазијата на Украина.

Претходно, Путин им соопштил на највисоките владини претставници дека Русија треба да го користи својот буџет за поддршка на економијата и ликвидноста во услови на намалена кредитна активност, иако намалувањето на стапките на централната банка ќе го поевтини кредитирањето, пишува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот