Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN

Путин се закани: Ако Украина добие ракети со долг дострел, Русија ќе гаѓа нови мети

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека ќе има последици доколку на Украина и се испорачаат ракети со долг дострел.

Тој за руските медиуми истакна дека Русија ќе гаѓа нови мети доколку Украина се снабди до ракети со долг дострел,  но не ги наведе целите.

– Во случај на испорака на ракети со долг дострел на Украина, Руската Федерација ќе извлече заклучоци и ќе ги гаѓа објектите кои се уште не биле цел, посочи Путин.

Претседателот на САД, Џо Бајден минатата недела одобри на Украина да и се достават ракети со долг дострел.

– Поаѓаме од фактот дека ова снабдување од САД и некои други земји е поврзано со компензација за загубата на воена опрема, тука нема ништо ново и не се менува ништо суштински. А, има и пријави за набавка, да кажеме, на артилерија. Очигледно, зборуваме за обнова на тоа што беше изгубено, беше уништено за време на непријателството, наведе Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот