Путин одржа говор на воената парада: „Не сакаа да не слушаат“

Владимир Путин / Воена парада во Москва
Владимир Путин / Воена парада во Москва

Спротивно на очекувањата, Путин не кажа ништо конкретно за рускиот напад на Украина, кој Русија се уште го нарекува „специјална воена операција“. Не кажа ништо ни за општа мобилизација, како што некои очекуваа, но Кремљ веќе таквите информации ги демантираше и ги нарече „глупости“.

Русија денеска слави 77 години од победата над хитлеровата Германија, а претседателот Владимир Путин го одржа долгоочекуваниот говор околу случувањата во војната против Украина.

Наша должност е да ги чуваме спомените на оние поради кои сме победници и да не ја повториме светската војна. Изминативе години се обидувавме да ги одржуваме мировните договори, но не сакаа да не слушнат. Имавме потполно други планови. НАТО активно оди во правец на нашите територии, а тоа е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нацисти, Украина го добива најмодерното оружје. Одлуката за воената операција, беше единствената исправна одлука, рече Владимир Путин во својот говор.

Путин зборуваше за „русофобијата која во моментов владе во светот“.

Тој во обраќањето изјави дека на некои американски ветерани им е забрането да дојдат на Денот на победата, иако, како што рече, сакале да дојдат.

Спротивно на очекувањата, Путин не кажа ништо конкретно за рускиот напад на Украина, кој Русија се уште го нарекува „специјална воена операција“. Не кажа ништо за општа мобилизација, како што некои очекуваа, но Кремљ веќе таквите информации ги демантираше и ги нарече „глупости“. Околу истокот на Украина, Путин изјави дека населението во Донбас поддржано од Русија, „се бори за семејствата и нивната егзистенција“. Тој најави и помош за децата на загинатите војници во Украина, што е едно од ретките признанија за руските загуби.

Говорот беше прекинат со едноминутно молчење.

Путин им посака брзо закрепнување на сите ранети војници и му се заблагодари на медицинскиот персонал.

За Русија! За победа! – извика Путин на крајот од својот говор.

ВИДЕО | Почна големата воена парада во Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот