Би-Би-Си: Може ли Путин да објави сеопшта војна?

владимир путин 9 мај москва
Владимир Путин / Воена парада во Москва / EPA-EFE/MIKHAIL METZEL/ KREMLIN POOL/SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Русија вели дека глупост шпекулациите дека ќе и објави сеопшта војна на Украина на Денот на победата над фашизмот.

Би-Би-Си коментира дека Москва досега негираше оти е во војна, и инвазијата врз Украина ја нарекува „специјална воена операција“

„Но, западните власти шпекулираат дека претседателот Владимир Путин би можел да ја искористи денешната парада во Москва за да објави ескалација на воената акција. Тој, се разбира, ги крие картите и додека не проговори на парадата на Црвениот плоштад, негирањата на Москва треба да ги прифаќаме со резерва“, пишува Би-Би-Си.

Британскиот медиум потсетува дека во деновите пред почетокот на инвазијата на 24 февруари, „руските функционери постојано ги исмеваа информациите за неизбежна инвазија како ‘западна хистерија и пропаганда'”. Сепак, Русија иврши инвазија, изненадувајќи дури и многу Украинци.

„Така, најмалку што можеме да очекуваме се некакви триумфални најави за постигнати цели и победени непријатели (вистински или замислени)“, додава Би-Би-Си.

Вината за бавното темпо на руското напредување во Донбас најверојатно ќе биде лоцирана кај НАТО и веројатно ќе има дополнителни предупредувања до Западот да престане да и помага на Украина да се брани.

Што и да се случи денес, тешко е да се очекува дека оваа војна ќе заврши наскоро, заклучува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот