ПУТИН ЌЕ ГО ИЗДАДЕ МАДУРО? За судбината на Венецуела ќе се одлучува денес во Русија

Судбината на Венецуела и нејзиниот претседател Николас Мадури би можела да биде решена денес во Сочи каде ќе се состанат рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Како што наведува британски „Телеграф“, Помпео отпатувал во Русија наоружан со сознание дека Путин не е повеќе посветен да го поддржува Мадуро. Според некои информации, Путин, наводно и го презира Мадуро.

– Владимир Путин го презира Мадуро. Прашање е како ќе се извлече тој од овој хаос – рекол еден извор од Венецуела во врска со односите на таа земја со Русија.

До неодамна се сметаше дека Русија ја гледа Венецуела како ценет геополитички бисер, богат со ресурси и сместена на драгоцена раскрсница, земја за која вреди да се бориш.

Меѓутоа, се верува дека Путин му рекол на својот американски колега Доналд Трамп, дека повеќе не му се допаѓа Мадуро и дека е подготвен да преговара за негово заминување.

– Првенствен фокус на повикот помеѓу Путин и Трамп беше да се помогне на граѓаните на Венецуела – рече Сара Хакаби Сандрес, секретарка за односи со јавноста на Белата куќа.

Трамп пак даде повеќе информации за тој разговор, сугерирајќи дека Путин можеби има малку љубов спрема претседателот на Венецуела.

– Тој воопшто не бара да се вклучи во Венецуела, освен што сака нешто позитивно да се случи за таа држава. И јас се така чувствувам. Сакаме да добиеме некоја хуманитарна помош, во моментов луѓето гладуваат таму, немаат вода, немаат храна – изјави Трамп.

БОНУС ВИДЕО:

ВЕНЕЦУЕЛА ВО ХАОС: САД го поддржа воениот пуч, Русија го обвинува Вашингтон за ширење лаги

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот