Путин ја обвини Украина дека е поврзана со нападот во концертната сала во Москва

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/NATALIA KOLESNIKOVA / POOL

Путин во обраќањето до граѓаните по синоќешниот трагичен напад кажа дека сите четири лица директно вклучени во нападот се приведени и посочи дека при бегството се обиделе да ја минат границата во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја обвини Украина дека е поврзана со нападот на концертната сала во Москва, пренесе Бета.

Путин во обраќањето до граѓаните по синоќешниот трагичен напад кажа дека сите четири лица директно вклучени во нападот се приведени и посочи дека при бегството се обиделе да ја минат границата во Украина.

Истото тврдење претходно го истакна и шефот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников, но доказите за тоа не се објавени.

Рускиот претседател додаде дека по вчерашниот терористички напад во целата земја се воведени дополнителни безбедносни мерки.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава (ИД), што го потврдија и американските разузнавачки агенции.

Официјален Киев остро ги демантираше ваквите тврдења на руските претставниц

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот