Путин го уништи мирот во Европа, вели Столтенберг

Јенс Столтенберг/ Фото EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека рускиот претседател Владимир Путин со инвазијата врз Украина „го уништи мирот во Европа”.

– Претседателот Путин го уништи мирот во Европа. Сојузниците ја осудуваат неоправданата и брутална инвазија врз Украина. Рускиот напад е целосно неприфатлив и е помогнат од Белорусија, истакна Столтенберг за време на посетата на полската воздухопловна база Ласк заедно со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Столтенберг посочи дека Алијансата „ќе ја брани секоја педа од нашата територија”.

Нашата посветеност на членот 5, нашата клаузула за колективна одбрана, е цврста. Ќе ја браниме и браниме секоја педа од територијата на НАТО, потенцира Столтенберг.

Тој додаде дека „НАТО не бара конфликт со Русија и се залага за дипломатско решение на конфликтот во Украина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот