Публикација: Излезе зборникот „Традиција и транзиција“ во издание на Националниот комитет на ИСТМ

Неодамна од печат излезе зборникот „Традиција и транзиција“ во издание на Националниот комитет на ИСТМ (Интернационален совет за традиционална музика) за Македонија. Оваа книга е особено значајна бидејќи е целосно подготвена во Македонија, а е наменета за светската стручна јавност.

Работена е под строгите правила кои ги наметнува ИСТМ како меѓународна организација и одобрена е за печат од Центарот за публикации во Виена. Во неа се објавени селектирани трудови од двата симпозиуми на студиската група на ИСТМ „Музиката и танцот на словенскиот свет“, одржани во Љубљана (2016) и Скопје (2018).

Публикацијата содржи 21 текст на еминентни научници и истражувачи од 12 земји. Темите кои се обработени се во склад со тематската рамка на самата студиска група, но oрганизирани во поттеми кои се фокусираат на истражување на релациите општество – културна продукција, процесите на трансформација на танцовата и музичката практика, музиката и танцовата антропологија итн.

Уредувачкиот одбор, кој речиси две години работеше на подготовка на оваа публикација, е составен од истражувачи од САД, Русија, Австрија, Словенија и Македонија. Главен и одговорен уредник е професорката од Факултетот за музичка уметност, Соња Здравкова-Џепароска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 56, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот