Психолог од Јеил: Кога да го купите првиот паметен телефон на вашето дете

Колку години треба да има детето кога ќе го добие првиот мобилен телефон? Ако сакате среќен живот за вашите деца, психологот Лори Сантос од Универзитетот Јеил има едноставен одговор на ова прашање: Чекајте што подолго.

Децата на возраст меѓу осум и 12 години поминуваат нешто помалку од пет часа на ден залепени за своите телефони, а до моментот кога ќе станат тинејџери, времето на екранот се зголемува на дури осум часа секој ден, покажа истражувањето.

Децата ретко го користат тоа време за креативни и корисни работи како кодирање или создавање корисна содржина. Најголем дел од тоа оди на лизгање низ социјалните мрежи и гледање видеа, вели Мајкл Роб во својата анализа на извештајот.

А тоа, тврди Сантос, е патот до сериозно оштетување на менталното здравје. Поаѓајќи од фактот дека социјалните медиуми ги изложуваат децата на висок ризик од сајбер насилство, говор на омраза и дискриминација, не смееме да заборавиме дека на Интернет детето лесно може да наиде на злонамерна, вознемирувачка и несоодветна содржина.

„Тинејџерите секојдневно добиваат околу 200 известувања на своите уреди. Нивниот мозок сè уште се формира и им треба помош за да се фокусираат на училиштето и на обврските, а не на одвраќањето од постојаното звучење на нивните телефони“, вели Сантос, како што пренесува Green Classroom.

Ако им ја одбиеме употребата на телефони на деца под 14 години, тоа нема да им наштети на ниту еден начин, но ќе им донесе многу придобивки: помал ризик од анксиозност и депресија, подобар квалитет и квантитет на спиење и повеќе време за физичка активност надвор.
И родителите треба да следат сличен модел, тврди Сантос.

„Ако сте постојано на телефон, ќе ви биде тешко да ја оправдате одлуката дека вашето дете не може да го добие својот паметен телефон. Децата нема да сакаат да прават како што ќе им кажете, туку како што ќе им покажете“, заклучува овој психолог од Јеил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот