Првпат во живо изведба на грчка античка драма од античкиот театар „Епидаврос”

Изведбата на „Персијци” од Есхил е на 25 јули преку интернет ќе може да ја следи целиот свет.

Изведбата на старогрчката драма „Персијци” од Есхил во античкиот театар „Епидаврос”, за првпат ќе се пренесува во живо преку интернет, наменета и за светската публика,јави дописничката на МИА од Атина.

Воедно, освен што првпат една античка драма ќе се пренесува во живо, ова ќе биде и прв директен пренос од античкиот театар што е дел од светското културно наследство на „УНЕСКО”.

Народниот театар на Грција со поддршка на грчкото Министерство за култура и спорт и во партнерство со „Гугл Грција”, преку проектот „Live from Epidaurus” (Во живо од Епидаврос) во рамките на овогодинешниот фестивал, ќе им дадат можност на љубителите на античката драма од целиот свет, следната сабота да ја следат во живо изведбата, што ќе биде со превод на англиски јазик.

-Со оглед на тоа дека човештвото сè уште се соочува со пандемијата на Ковид-19, за мене е важен момент тоа што за првпат во историјата, во живо ќе се пренесува античка грчка изведба од античкиот театар на Епидаврос. Изведбата на „Персијци” од Есхил, на 25 јули, доаѓа во критичен момент за да ја потенцира универзалноста на принципите што пред 2.300 години доведоа до изградба на Античкиот театар Епидаврос, дел од светското културно наследство на „УНЕСКО”, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот