Првите дами станаа супермодели на нашата ера

први дами
Фото: EPA-EFE/Ballesteros EPA-EFE/Ballesteros

Тие не се само претседателски сопруги и жени во сенка ангажирани во хуманитарна работа. Задачата на првите дами е да бидат амбасадори на својата земја и да ги урнат предрасудите за недопирливите и строги шефови на држави.

Врската помеѓу модата и политиката е посилна сега од кога било, се разбира благодарение на Џеки Кенеди која беше првата модна икона од политичкиот живот. Но сепак, тоа е неблагодарна улога – размерна равенка на политика и дипломатија, која е од суштинско значење при изборот на гардероба што мора да им угоди на сите, да пренесе аура на умерена посветеност, разбирање за семиотиката на стилот и прилично „дебела“ кожа за да се спротивставите на светот во време кога „секој е критичар“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by gabriela🪐✨ (@style.exhibit)

Многупати се зборува дека зад секој силен маж стои уште посилна жена и светот им аплаудира на иконските жени што се испрвија пред „незгодниот“ предизвик да се биде прва дама.

Денешните модерни жени живеат сè подобар општествен живот, излегуваат од вообичаените улоги и секојдневно се трудат да добијат повисок квалитет на живот, но првите дами се чини навидум дека сè уште се обврзани со истите митски очекувања за „совршената домаќинка од 50-тите години“ – од нив се бара целосно да ги поддржат одлуките на своите партнери, „да го нахранат светот“, „да создадат мир во светот“ и притоа да изгледаат убаво, модерно и допадливо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LadyLike (@ladylike.gr)

Првите дами станаа супермодели на нашата ера – мешавина од мека моќ, слава и мода и се важна поткрепа на нивните сопружници.

Од Карла Бруни, преку Мишел Обама, кралицата Летиција, Меланија Трамп, кралицата Ренија од Јордан, Шеика Моза од Катар, Брижит Макрон, па до Сања Мушиќ Милановиќ, првата дама на Хрватска, сведоци сме за ефектот што нивниот беспрекорен изглед го има врз допадливоста во јавноста, но и потврда на добрата стара изрека дека „облеката може да се купи, но не и стилот“.

Карла Бруни
Фото: Карла Бруни / Извор: EPA/STEFAN ROUSSEAU/POOL
Мишел Обама
Фото: Мишел Обама / Извор: EPA-EFE/JONATHAN ERNST / POOL
Меланија Трамп
Фото: Меланија Трамп / Извор: EPA-EFE/JIM LO SCALZO
Кралицата Летиција
Фото: Кралицата Летиција / Извор: EPA-EFE/Abel Alonso
Брижит Макрон
Фото: Брижит Макрон / Извор: EPA-EFE/YOAN VALAT / POOL
Кралицата Ранија
Фото: Кралицата Раниа / Извор: EPA-EFE/Olivier Douliery / POOL

Во тој контекст можеме да бидеме среќни и задоволни што токму и нашата сегашна прва дама Елизабета Ѓоргиевска достоинствено и репрезентативно нè претставува пред очите на јавноста, како дома така и, уште поважно, низ протоколарните средби низ светот.

Со префинето, очигледно вродено чувство за стил, став што зрачи со сигурност, елегантно но не и здодевно, ненаметливо, но доволно шик за да биде забележано и запомнето, секое појавување на г-ѓа Ѓоргиевска е речиси без исклучок секогаш проследено со пофални коментари.

Достоинствено, ненаметливно и оригилано, секогаш заемно усогласениот претседателски пар со својата појава праќа визуелна порака за доверба, сигурност и авторитет.

Елизабета Ѓоргиевска
Фото: EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT
Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
Елизабета Ѓоргиевска Кејт Брнз
Елизабета Ѓоргиевска и Кејт Брнз / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот