Првиот синдикалец на „Водовод и канализација” избркан од работа, од ССМ велат незаконски

Претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација” Стојанче Кашински добил отказ од работа од в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија, од каде ваквата постапка на в.д. директорот ја оценуваат како спротивна на закон и на колективниот договор.

Согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски, кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од главните барања за разрешување на в.д директорот – се вели во соопштението од ССМ.

Од ССМ бараат итна седница на Управниот одбор кој како второстепен орган во претпријатието е надлежен да одлучува по приговори и жалби и да се укине решението за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работен однос. Од Управниот одбор бараат да утврди и зошто Митовски не ги спроведува нивните одлуки.

Во соопштението од Синдикатот се наведува и дека поради тоа што не можат даа ја најдат и да се сретнат со градоначалничката Данела Арсовска, ќе ја пречекаат на одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје и пред целокупната јавност ќе побараат одговорност од неа и нејзините лични соработници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот