Не е време за бојкот или молк, порачаа Битиќи и Шкријељ

Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе го поразиме стравот од различностите и ќе ги замолчиме националистите на 8 мај, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое нема да има поделби, порачаа во видео обраќање Фатмир Битиќи и Санела Шкријељ, кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2.

Битиќи во обраќањето ветува иднина во која за секого ќе има место и во која секој ќе биде достоинствено прифатен.

– Македонија е многу повеќе од која било политичка партија, таа е на сите нас, Бошњаци, Албанци, Македонци, Срби, Турци, Роми, Власи, Торбеши… на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, и тоа многу повеќе отколку што бевме во првиот круг на претседателските избори. Ве повикувам, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое секоја различна нишка е вткаена во ткивото на единството. Каде што ќе нема повеќе поделби врежани во камен, ќе нема ѕидови кои не раздвојуваат, порача Шкријељ.

Битиќи, пак рече дека „во нашата Македонија етничката припадност, верата и идеологијата се вкрстуваат – не како борбени линии, туку како сојузници во заедничката и споделена европска иднина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот