Првиот концерт на Националниот џез оркестар е со наслов „Џез нова“

Плакат за концертот „Џез нова“

Во објектот на Националната опера и балет, на 23 јануари, со почеток од 20 часот, својот прв концерт ќе го одржи Националниот џез оркестар. Станува збор за нова национална установа, која беше основана минатата година, а произлезе од активностите на Здружението на џез музичари и слободни уметници.

Првиот концерт на установата е со наслов „Џез нова“ (Jazz Nova). Со овој концерт, кој ќе претставува еден вид симбиоза на биг-бенд творештвото на истакнати македонски џез-автори од повеќе генерации, свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот.

За месеците кои следат, новата национална установа подготвува внимателно избран репертоар кој ги следи актуелните трендови во џез-музиката, но вклучува и изведби на џез-класици од домашната, регионалната и светската џез-сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот