Првиот човек на УЕФА го крена гласот против ФИФА: Не е добра идеја да се игра Светско првенство на секои две години

фото: EPA-EFE/Richard Juilliart

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ја отфрли идејата Светското првенство да се одржува на секои две години, велејќи дека тоа ќе има контра ефект на значењето и големината на натпреварувањето.

Светските првенства во фудбал уште од првиот турнир од 1930 година се одржува на секои четири години, и досега исклучок се само 1942 и 1946 година поради Втората светска војна.

– Светското првенство има вредност токму поради својата реткост и уникатност – вели Чеферин кој зборуваше на генералниот собрание на асоцијацијата на европски клубови.

– Одржувањето на секое две години за жал би го разводнило Светското првенств и со самото тоа би се намалил неговиот легимитет.

ФИФА на предлог на Саудиска Арабија започна студија за одржување на Мундијалите на секои две години, а процесот на консултации и истражуивање го води поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот