Првата дама во елегантна розева креација во посета на Словенија (ФОТО)

Претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска се во официјална дводневна посета на Словенија.

Тие беа дочекани со високи државни и воени почести од страна на претседателот на Словенија Борут Пахор и неговата партнерка Тања Печар.

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска за оваа пригода се одлучи за префинет розев фустан украсен со цветни дезени во долниот дел.

На официјалната средба Словенија ја истакна поддршката на Словенија за процесите за интеграција на нашта земја во Нато и Европската Унија, а претседателите ги потврдија и традиционално блиските односи и досегашното разбирање и доверба помеѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот