Прва тренерска смена во новата сезона: Михајловски го напушти КК Кожув

Фото: КК Коzuv

Поранешниот вицешампион на Македонија, Кожув ја прекина соработката со тренерот Игор Михајловски.

Михајловски си заминува од клупата на Кожув после осум кола во новата сезона и ова е прва тренерска смена. Кожув во досегашниот дел од првенството забележа три победи и сите ги оствари на домашен терен.

Прекинот на соработката е со спогодба од двете страни, откако било заклучено дека така е најдобро. За Михајловски ова беше втор ангажман во Кожув откако претходно овој тим го водеше во сезоната 2016/2017.

Во наредниот период Апостоли Апостолов и Илија Ефтимов ќе го водат тимот. Прв предизвик за нив ќе биде натпреварот со шампионот МЗТ Скопје на 12. декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот