Прва лига: ТФТ е пречката на која падна Пелистер!

Фото: kfsm.mk

Во дербито во Првата македонска кошаркарска лига составот на ТФТ со резултат 97:82 триумфираше над Пелистер. „Црно-белите“ од Тафталице имаа феноменална трета четвртина (30:13), која беше најава за големата победа над лидерот.

Екипата дебитант, која за прв пат игра во друштвото на најдобрите, му го зема скалпот на најдобриот тим во овој момент во Првата лига. На ТФТ му појде рака да биде подобар од екипата која досега имаше осум триумфи по ред, без ниту еден пораз.

Кај стрелците во победничките редови доминираше Андерсон со 23 поени, иако имаше дури пет загубени топки, а на спротивната страна 21 поен и шест асистенции беа дело на Вилијамс.

Во другите заостанати мечеви од третото и четвртото коло денеска беа постигнати следните резултати: Црн Дрим-ФМП Академија 65:85, Кожув-Вардар 86:82 (по 1 продолжение) и Гостивар-Куманово 91:83.

Табела: Пелистер 17 бодови, ФМП Академија 15, ТФТ 13, Гостивар 13, Работнички 12, Еуро Никел 11, Куманово 11, Црн Дрим 11, Вардар 10, МЗТ Скопје 9, Кожув 8, МЗТ Скопје Уни Банка 7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот