Прва лига: Сигурна победа за ТФТ против Академија ФМП

Кошаркарите на ТФТ забележаа сигурна победа и славеа против Навико Академија ФМП со 66:109 во седмото коло од Првата лига.

Фенерџијата продолжи со лошите резултати и остана закован на дното. Од почетокот до крајот тимот предводен од Боро Смилковски доминираше на теренот.

Двоцифрена предност ТФТ имаше уште на паузата кога водеа со 37:47. Во третата четвртина фаворитот беше уште поубедлив, па предноста само растеше. За ТФТ ова беше прекинување на мини-серијата од два порази на гости против Гостивар и Работнички.

Најефикасни беа Николов со 18 и Батрик со 16. Во редовите на ФМП најмногу поени постигна Пајиќ (16).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот