Прва Лига: ФМП славеше во „дербито на дното“ со Струмица

Фото: Аkademija FMP

Дербито на дното во Првата лига помеѓу Академија ФМП и Струмица донесе неизвесна битка која се решаваше во самиот финиш.

На крајот победа славеше домашниот состав со 89:80. За тимот на Академија ФМП ова беше втора победа во сезоната и сега им го препушта последното место на табелата на струмичани.

Неизвесно се играше од самиот почеток, па така првата четвртина заврши со 19:19. На одмор гостите имаа минимална предност од три коша со (38:41). Во третата четвртина скопскиот состав направи мал чекор напред и ја доби со пет поени разлика, сепак тоа не значеше многу.

На една минтута пред крајот Струмица застана, па Коскоски кој беше најефикасен со 31 поен и пет скока го реши прашањето на победникот. Крстајќи кај поразените беше најефикасен со 21 поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот