Прв пациент со Ковид-19 во земјава излекуван со помош на ЕКМО технологија (ВИДЕО)

Со примена на ЕКМО технологија во клиничката болница „Аџибадем Систина” е спасен животот на 45 годишен пациент заболен од Ковид-19. Астрит Селимај бил примен во исклучително тешка здравствена состојба со прилично напредната ковид–пневмонија.

Поради тоа прво бил ставен на респиратор, а по конзилијарното мислење на тимот доктори од „Аџибадем Систина” и инфектолог од ГОБ „8-ми септември”, пациентот бил префрлен на ЕКМО апарат, кој всушност бил пресуден за неговото преживување.

Астрит е првиот пациент во Македонија кој е излекуван од Ковид-19 со примена на оваа технологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот