Противпожарната единица на Град Скопје по 35 години доби дигитална централа – Слободен печат
ВестиСкопје

Противпожарната единица на Град Скопје по 35 години доби дигитална централа

Набавката на дигиталната централа ја најави и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на својата Фејсбук-страница во статус каде што говори за модернизацијата на Противпожарната единица на Град Скопје

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје по 35 години доби нова дигитална телефонска централа, која ќе ја замени старата, аналогна централа на која досега се примаа повиците за интервенции.

– Дигиталната централа е стигната. Треба да се монтира. Ќе имаме дигитална линија на 193 и сите повици ќе бидат снимени, односно ќе нема пријава на пожар што нема да биде регистрирана и снимена. Точно ќе знаеме кој се јавува и од каде се јавува, вели командантот на ТППЕ, Владимир Симоновски, во интервју за МИА што ќе биде дополнително објавено.

Посочува дека имале проблеми со старата централа и оти на нивно барање, Град Скопје ја има набавено новата централа.

Набавката на дигиталната централа ја најави и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на својата Фејсбук-страница во статус каде што говори за модернизацијата на Противпожарната единица на Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close