Протести во Вашингтон поради „изборна кражба”

Следење во живо на изборите во Шангај, Кина / 4 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Десничарски групи и приврзаници на актуелниот претседател Доналд Трамп најавија за денеска протести во Вашингтон, како што наведуваат, поради извршената „изборната кражба” на претседателските избори.

Трамп одби да признае дека загубил од демократот Џо Бајден на изборите одржани на 3 ноември, „со што се зајакнуваат тензиите во Америка”, објавија американските медиуми.

На протестите ќе присуствуваат истакнати членови на екстремната десница, како што се Алекс Џонс, познат во САД како „теоретичар на заговор”, и самопрокламираниот „американски националист” Николас Фуентес. Со нив ќе бидат и припадниците на паравоена милиција, кои себе си се нарекуваат „Покровители”, и припадници на екстремната десница „Горди момчиња”.

Некои левичарски групи најавија дека е можно истовремено да организираат контра протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот