Неколку десетици граѓани се собраа вечерва пред зградата на Кантонот Сараево и изразија незадоволство од одлуката за ново затворање за време на викендот. Насобраните скандираа „купете вакцини“ и најавија дека и утре ќе се соберат, но во поголем број.
Протестот беше организиран преку социјалните мрежи, а собир најавија и неколку групи на угостители, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Како што вечерва најави премиерот на Кантон Сараево, Един Форто, од петок во 20 часот до понеделник во 7 часот наутро, поради влошената епидемиолошка состојба, ќе работат само аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи додека трговските центри и угостителските објекти ќе бидат затворени.