Прослава во домашен амбиент: Гответе заедно, танцувајте и пејте – најдете ја среќата во малите нешта

unsplash

Колку пати во животот досега едвај сте чекале да поминат новогодишните и божиќните празници?Да помине целиот стрес околу организацијата и долгото подготвување за забави со пријателите и поширокото семејство?

Оваа година сме повеќе од свесни колку време сме трошеле на подготовки наместо да се одмориме, да се напиеме кафе со сопругата, сопругот, родителите или едноставно да се дружите со вашите деца во скромноста на вашиот дом.

unsplash

Дочекот на новата година може да биде идеално време да се посветите на дружбата со вашите најблиски, бидете креативни, смислете начини како да се забавувате дома. 

Претворете ја вашата дневна соба во сала за танцување, пуштете музика, вклучете ги сијаличките и уживајте. Вклучете ги сите членови на вашето семејство во подготовката на вкусните јадења. Или едноставно пополнете го времето со семејството и децата играјќи забавни игри.

unsplash

Најдете ја речиси заборавената игра „Не лути се човече“, играјте карти или имајте „борба“ со перници. Овие игри за момент ќе ги оттргнат вашите мисли, ќе ве опуштат и ќе уживате во квалитетно поминатото време заедно.

unsplash

Искористете ги овие навидум ограничените денови за да се поврзете на подлабоко ниво со луѓето кои ги сакате, не сте свесни дека на тој начин создавате среќни спомени кои ќе ги памтите до крајот на вашиот живот.

Организирајте караоке натпревар,  пуштете ги хитовите кои ја одбележаа годината во заминување и пејте гласно, или едноставно играјте пантомима – одлична можност да ја зачинете вечерта со смеа и забава.

unsplash

Дружењето заедно на овој начин е секогаш подобра алтернатива отколку целото семејство со часови да седи пред телевизија, или да поминува време гледајќи во екранот на мобилниот телефон или компјутер.

unsplash

Секако, и утрото по новогодишната ноќ можете да го искористите да гледате некој празничен филм заедно или да организирате заедничка (кратка) посета кај вашите родители, баби и дедовци или  други членови на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот