Просинечки состави идеален тим од негови соиграчи, за Панчев немаше место

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Легендарниот југословенски и хрватски фудбалер Роберт Просинечки кој денес е селектор на Црна Гора во големо интервју за „Мондо“ состави и идеален тим од фудбалери со кој играл низ кариерата.

Треба да се нагласи дека Просинечки доби ограничување во идеалниот состав да избира само по еден играч од некој клуб или репрезентација со кој играл.

Играше Просинечки за клубови како Црвена Звезда, Динамо, Реал, Барселона, Овиедо, Севиља, Портсмунт…па така јасно е дека неговата екипа изгледа одлично.

Во составот на Просинечки немаше место за Дарко Панчев и во нападот предност доби англискиот екс-репрезентативец, Питер Крауч. Сепак, Просинечки поради споменатиот услов имаше право да избере само еден фудбалер на Звезда и се одлучи за Дејан Савичевиќ во средниот ред.

Во продолжение погледнете како изгледаше тимот на Просинечки:

Ведран Руње (Стандард) – Кристобал Параљо (Овиједо), Фернандо Јеро (Реал), Славен Билиќ (Хрватска), Роберт Јарни (млада репрезентација на Југославија) ​​- Рафа Пас (Севилја), Звонимир Бобан (Динамо), Сафет Сушиќ (Југославија) – Роналдо Назарио (Барселона), Питер Крауч (Портсмут), Дејан Савичевиќ (Црвена звезда).

За тренер се одлучи за Јохан Кројф со кого соработуваше во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот