Косовскиот парламент не може да се конституира/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Пропадна и 22-от обид за конституирање на косовското собрание

Пратениците на Собранието на Косово во вторникот, по дваесет и втор пат, не успеаја да го конституираат деветтиот парламентарен состав, како резултат на изборите во февруари.

Пратениците по четиринаесетти пат по ред одбија да формираат комисија која ќе го надгледува тајното гласање за новиот шеф на законодавното тело – според предлогот даден на 1 мај од страна на претседателот на седницата, Авни Дехари, откако кандидатката на Движењето Самоопределување (ЛВВ) за претседател на Собранието, Аљбуљена Хаџиу, не успеа на неколку гласања да ги добие 61 глас потребни за да биде потврдена на функцијата.

Демократската партија на Косово (ПДК), Демократската лига на Косово (ЛДК), Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Српската листа повторно одбија, за време на конститутивната седница на 27 мај, да предложат претставник кој ќе обезбеди непречено спроведување на тајното гласање.

Неуспешното гласање во Собранието се случи околу еден час откако граѓанските организации, преку настап, протестираа пред Собранието во врска со неуспехот да се конституира законодавната институција.

„За што ве избравме?“, “Секое одложување има цена!“ и „Циркус на демократијата“ беа некои од пораките напишани на бели картони, закачени на неколку столчиња поставени пред влезот во косовското собрание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот