Пронајдени коските на повеќе од 60 мамути при изградба на новиот аеродром во Мексико (ВИДЕО)

Коски на повеќе од 60 мамути се пронајдени на градилиште за време на работата на новиот аеродром „Фелипе Анхелес” во Мексико Сити, соопшти Националниот институт за антропологија и историја.

Се смета дека коските се од пред 15.000 години и припаѓаат на колумбискиот мамут.

За време на изградбата на аеродромот, пронајдени се коски од бизони, камили, коњи, луѓе, како и разни предмети.

Откритијата ќе го забават завршувањето на работите за изградба на аеродром во Мексико Сити, а Националниот институт за антропологија и историја соопшти дека остатоци од 14 мамути биле пронајдени во областа Тултепека минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот