Пронајдени девет мигранти во оставено возило кај ГП „Богородица”, приведен совозачот

Полиција / Фото: МВР

Полицијата синоќа пронашла девет мигранти од Индија во оставено возило во близина на царинскиот терминал кај граничниот премин Богородица, а кое претходно не застанало на знакот за сопирање. Во возилото е пронајден и совозачот, кој е приведен, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија.

-На автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – с.Смоквица”, синоќа во 19 часот полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица” дале знак за запирање на патничко возило „бмв”, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица”.  По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од с.Арачиново, скопско. Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија Совозачот бил лишен од слобода, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија за понатамошна постапка, наведува МВР во редовниот дневен Билтен.

По целосно документирање на случајот, како што најавуават, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот