Промоција на бела книга „Ефективни министри: Како до резултати и доверба од граѓаните?”

Влада на Р.С. Македонија / Фото: Твитер @VladaMK

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) денеска ќе спроведе  онлајн дискусија и презентација на студијата – бела книга „Ефективни министри: Како до резултати и доверба од граѓаните?” .

На дискусијата ќе учествуваат Радмила Шекеринска, министерка за одбрана, Влада на Република Северна Македонија, Трајко Славески, поранешен министер за финансии, Влада на Република Македонија (2006 – 2009), Дејан Јакимовски, раководител на сектор за седници со влада, Генерален секретаријат на Влада на РСМ, Овен Паун, резидентен директор на програмата, Меѓународен републикански институт; Илина Мангова, заменик-директорка, Меѓународен републикански институт и Ана Алибегова, менаџерка на програма, Меѓународен републикански институт.

Оваа бела книга одблиску го доловува работењето на министрите во владите на Република Северна Македонија и ги скицира процесите на работа, обврските, размислувањата и нивниот пристап кон решавање на проблемите во земјата. Документот се заснова на податоци добиени преку повеќе извори: интервјуа кој тимот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) ги спроведе во периодот од март до мај 2020 година, со 13 сегашни и поранешни министри во владите на Република Северна Македонија од 2006 година до денес (Анекс 1), секундарни податоци, опсервација на повеќе министри и нивните кабинети во рамките на поддршката на доброто управување во некои министерства кои ИРИ ги помагаше во периодот од 2017 до 2020 година, наведоа од ИРИ.

Посочија дека овој труд е наменет да им користи на сите политички чинители кои тежнеат да ја освојат извршната власт и да ги спроведуваат посакуваните политики, на истражувачите на извршната власт како и на граѓаните, за да им го доближи работењето на извршната власт и да им ги претстави стандардите кон кои министрите треба да се придржуваат во работата за подобро да им служат на граѓаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот