Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски ќе се одржи во библиотеката „Браќа Миладиновци“
Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, на 16 ноември, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на поетската книга „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, што ја доделува фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.
Препорачано
За наградената книга ќе зборува Марија Ѓорѓиева, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски. Настанот ќе се одржи во Спомен-соба „Т’га за југ“.
Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Автор е на осум поетски книги и приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик.
За своето творештво ги има добиено наградите „Студентски збор“, „Браќа Миладиновци“ и престижното меѓународно признание „Ѓакомо Леопарди“ во Италија. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар.


