Промоција на две изданија на списанието „Филозофска трибина“ ќе се одржи во КИЦ

Филозофското друштво на Македонија на 23 март, со почеток во 19.30 часот, организира промоција на двата последно излезени броеви на списанието „Филозофска трибина“ (31. & 32.) во Културно-информативниот центар – Скопје. Пригодна промотивна реч за списанијата ќе одржи проф. д-р Ристо Солунчев.

Во „Филозофска трибина 31“ се поместени 10 авторски текстови на тема „Филозофската мисла во Македонија“, други два авторски текстови, како и по еден текст од рубриките Студентски форум и Средношколски форум.

„Филозофска трибина 32“ ја сочинуваат 9 авторски текстови на различни релевантни философски теми, два преводи, по еден текст од рубриките Студентски форум и Средношколски форум, три прикази на книги и поширок осврт кон 12. Филозофски филмски фестивал.

Двете изданија беа поддржани од страна на Министерството за култура и можат да се најдат во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Буква“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот