Пролетен фустан број 1: За секоја пригода и за секоја жена!

По неколкуте температурни промени очигледно е дека пролетта е тука. Без оглед што оваа недела ќе биде врнежливо, сепак од плакарот веќе можеме да ги извадиме омилените фустани!

Со оглед на тоа што се уште е ладно за сандали, пастелните бои ќе почекаат уште малку, но во овој период повторно ќе го носиме модниот хит, кој, се чини дека никогаш нема да излезе од мода – тексас фустаните!

https://www.instagram.com/p/BvfBSdMh_F_/?utm_source=ig_embed

Ова парче облека жените го обожуваат затоа што е неверојатно практичен – како и тексас фармерките. Може да се носи со се и во секоја прилика.

Одлично оди со патики или балетанки за опуштени прошетки во градот, но и со потпетици за вечерно излегување или посвечена варијанта.

Во зависност од моделот и должината, тексас фустанот лесно може да се носи на работа.

Се што треба да направите е да го прилагодите на вашиот стил и подготвени сте за секоја прилика.

Во продолжение, ви покажуваме уште неколку примери како можете да го носите тексас фустанот.

https://www.instagram.com/p/Bvr4pSGh489/?utm_source=ig_embed

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот