Прогласена најздравата билка на светот, лекува бројни болести
Често видена како украс во градината, „скромната“ поточарка би можела да биде „светиот грал“ за здравјето, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Поточарка е прогласена за најздрава билка во светот и се смета за суштински дел од урамнотежената исхрана поради изобилството на хранливи состојки кои можат да спречат болести и да ги заштитат спортистите од повреди, соопштија производителите на квалитетна храна од компанијата „Б енд В“.
Јадењето поточарка може потенцијално да ги ублажи несаканите ефекти и кај спортистите: студиите покажуваат дека оние кои ја внесуваат два часа пред исцрпното вежбање во голема мера ги намалуваат шансите за оштетување на клетките во споредба со оние кои не ја консумираат.
Секојдневното консумирање поточарка во текот на само два месеци го намалила оштетувањето на ДНК, ефикасно обезбедувајќи им ги на спортистите сите предности од напорното вежбање, без несакани ефекти.
Поточарката добила совршени 100 од 100 поени, победувајќи ја кинеската зелка (91,99 поени), швајцарската блитва (89,27 поени), цвеклото (87,08 поени), па дури и спанаќот (86,43 поени), според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Поточарката има високо ниво на аминокиселини и антиоксиданти. Другите придобивки вклучуваат високи количини на железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин К.
Содржи поголеми количини железо од спанаќот и од витаминот Ц од лимоните и портокалите.
Поточарката можете да ја додадете во салата, смути, сендвич, тортиља, омлет или пица.


