Проектот „Локален волонтерски сервис” ги стимулира волонтерските активности кај младите во Битола

Фото: МКЦ Битола
Младинскиот културен центаритола во партнерство со Сфера Интернешанал организираше завршен настан за проектот „Локален волонтерски сервис” финансиран од ЕУ.
На завршниот настан, 50 волонтери на Локалниот волонтерски сервис, коишто беа вклучени во имплементацијата на проектот имаа можност да ги споделат нивните впечатоци и да добијат сертификати за волонтерскиот ангажман.

 

Локалниот волонтерски сервис претставува организиран облик на општествена партиципација којшто вклучува млади луѓе од Битола на возраст од 16 до 29 години. Во имплементацијата на проектот беа вклучени вкупно 200 волонтери. Идејата за формирање на ваков сервис е да се стимулираат волонтерски активности и да се зголеми бројот на млади кои ќе се вклучат во доброволна работа во локалната заедница-вели Марија Мерковска-Крушаревска, координаторка на проектот.

Членовите на Локалниот волонтерски сервис во периодот од ноември минатата до јануари 2023 година учествуваа на циклус од четири обуки: јакнење на капацитети за волонтерски менаџмент, јакнење на капацитети за видливост и промоција, работилница за дизајн на волонтерските акции по методот на дизајн тинкинг и работилница за видливост и промоција.

На обукитеучесниците идентификуваа пет локални проблеми и презедоа волонтерски акции за подобрување на условите за живот во Битола.
 
Волонтерската акција „Break the cycle” опфати кампања за спречување на ширењето на врсничкото насилство што моментно е доста застапено кај младата популација. Со волонтерската акција Чиста писта се спроведе чистење на местото „Кај авионите” во Смолево. На третата волонтерска акција Омразата на битолските ѕидови”  се направи уметничка интервенција на ѕидовите на детската градинка „Пролет”, СОУ „Таки Даскало” и ОУ „Стив Наумов” кои содржеа говор на омраза. Волонтерската акција „И тумбе и кафе и сцена за градот” волонтерите ја искористија за уметнички да се изразат и да ја рециклираат пластиката преку креирање скулптури од отпад. Додека во последната волонтерска акција „Re-bike cycle” беа поставени паркиралишта за велосипеди на четири локации во Битола, се направи собирање и донирање на велосипеди и спортски полигон-додава координаторката на проектот Марија Мерковска-Крушаревска.

 

Инаку, на јавната дискусија „Волонтирање на фестивали vs волонтирање во заедницата” која е дел од проектот,  преку активностите и спроведената кампања за промоција на волонтирањето, МКЦ очекува да се оствари промена во генералниот однос и перцепциите на младите во однос на волонтирањето, зајакнување на нивното знаење за придобивки од волонтирањето, а со тоа да се зајакне и учеството на младите во развојот на локалната заедница.

Проектот „Локален волонтерски сервис Битола” на Младински културен центар- Битола се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – РеЛОаД2, финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот е кофинансиран од Општина Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот