Проекција и дискусија за документарниот филм „Хип – Бреинсторм“ ќе се одржи во КСП „Центар-Јадро“

Плакат за настанот во КСП „Центар-Јадро“

Проекцијата на долгометражниот музички документарен филм „Хип – Бреинсторм“ (The Hip – Brainstorm) проследена со дискусија на режисерот Јане Алтипармаков со филмскиот критичар Златко Ѓелески ќе се одржи на 15 март (петок), со почеток во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје во организација на асоцијацијата „Аксиома“.

Документарниот филм „Хип – Бреинсторм“ е продолжение, своевидно документарно надополнување на долгометражното ДВД-видео издание „The Hip – Reality Overdrive“. Режијата и продукција се на Јане Алтипармаков, додека автор на оригиналната идеја е Љубиша Петрушевски.

Во реализацијата на филмот учествуваа Михаил Димитров со продукција и монтажа, Валентин Видовиќ работеше на звучниот дизајн, директор на фотографија е Наташа Гелева, снимателка е Ања Илиева, а дополнителна монтажа направија Зоран Чаневски и Димитар Илиевски.

Во филмот се појавуваат познати музичари, како Васко Атанасоски („Бернајс Пропаганда“, „Балкан Велики“), Toшо Филиповски (автор на првата сеопфатна македонска рок-енциклопедија), Саша Павловиќ („Suns“), Ивица Димитријевиќ (СИЗ), Мирко Попов („ПМГ Колектив“), Костадин Шурбановски (музичко радио Канал 103), Сеад Хаџиќ – Сецко („Ласт експедишн“, „Мугер фугер“), членовите на бендовите „The Hip“, „Морбид џокер“, „Музичка Младина“. Во филмот ексклузивно се измонтирани архивски снимки од настапите на „Електрични оргазам“, „Екатарина велика“, легендарните „Нирвана“, „Psychic TV“, „Базкокс“, „Соник јут“, „Јанг гадс“.

„Аксиома“ е асоцијација за културна соработка и истражување, која организира интердисциплинарни и мултиуметнички настани/проекти, организира концерти, издава книги од областите на современата естетика, ремикс културата, критичките теории и сл., организира изложби и работилници за млади и потајно навива македонската авангардна или „терсене“ музика да стане идеја – водилка на сите уметности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот